МЕРКА 115 – ПОДДРШКА ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН ВО
ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО
ОПИС НА МЕРКАТА
ПОДДРШКАТА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ПОДДРШКА ЗА АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН
ВО ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ДОМАЌИНСТВО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРЕКУ УНАПРЕДУВАЊЕ
НА ФИЗИЧКИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО СТОПАНСТВО:
Целта на мерката 115 – „Поддршка за активен женски член во земјоделското
домаќинство“ е подобрување на целокупните резултати од работењето на
земјоделското стопанство и достигнување на повисоки стандарди од минималните
утврдени со законите од областа на земјоделството или новововедени стандарди од
областа на земјоделството.
Инвестициите согласно оваа мерка се наменети за зголемување на ефикасноста на
производството преку намалени трошоци за земјоделско производство и
подобрување на квалитетот на земјоделско производство и/или за достигнување на
повисоки стандарди од минималните стандарди утврдени со закон или за
достигнување на новововедени стандарди согласно со закон и тоа само за оние
инвестиции кои се сметаат за дополнителни инвестиции за достигнување на
минимални стандарди и не доведуваат до зголемување на производниот капацитет.
ПРИФАТЛИВИ ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ И ПРИФАТЛИВИ
ТРОШОЦИ ПО ИНВЕСТИЦИОНИ АКТИВНОСТИ
Согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година и
Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19
и 215/19) прифатливи се следниве инвестиции:
Инвестиции за набавка на опрема за преработка и/или доработка на
примарни земјоделски производи и
Инвестиции набавка на услуги за спроведување на деловниот план на
инвестицијата, додека набавка на земјоделска механизација не е прифатлив
трошок во овој јавен повик.
КОРИСНИЦИ
За проектите од мерка 115, потенцијален корисник е земјоделско стопанство чиј
носител е жена, упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со
Закон за земјоделството и рурален развој по следниве основи:
Физички лица:
Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство вршител на
земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност;
Индивидуален земјоделeц – носител на семејно земјоделско стопанство кој се
стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалидско
осигурување;
Индивидуален земјоделeц – носител на земјоделско стопанство кој се
занимава со земјоделство како дополнителна дејност;
Правни лица:
Трговски друштва регистрирани согласно Закон за трговски друштва;
Трговец поединец – регистриран согласно Закон за трговски друштва;
НАПОМЕНА:
-Барателите треба да го ажурираат статусот и податоците на земјоделското
стопанство во Единствениот регистар во земјоделски стопанства и истото можат
да го направат во Подрачната Единица на Министерството за земјоделство,
шумарство и водостопанство.
КРИТЕРИУМИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ БАРАТЕЛОТ И
МАКСИМАЛНА ВРЕДНОСТ НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ.
Подносителот на барањето да е жена носител на земјоделското
стопанство и
Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и
мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.
ВИСИНА НА ПОДДРШКА
Максимална вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до
180.000,00 денари.
НАЧИН НА КО-ФИНАНСИРАЊЕ
ОПШТИ ПРИНЦИПИ
Финансирањето од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019
година се врши врз основа на одобрено барање за користење средства од Програмата
и склучен Договор за финансиска поддршка за одобрена инвестиција. Исплата на
средства се врши согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој
за 2019 година. Корисникот на Програмата, во целост е одговорен за реализација на
инвестицијата. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план
и се исплаќа на годишно ниво.
Корисникот на средства по Мерка 115 може да поднесе барања по други мерки од
Програмата, во согласност со доставениот деловен план. Начинот и постапката за
доставување на барања по други мерки се уредува во согласност со Програмата.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 барања
по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за 2019
година.
ОСТАНАТИ ПРИНЦИПИ
Принцип на единечно финансирање – Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2019 година финансира типови на инвестиции кои не се
финансираат од други грант фондови, од Буџетот на Република Македонија
или други фондови од донаторски или финансиски институции, а се со цел да
се избегне двојно финансирање на самата инвестиција.
Принцип на грант – Поддршката по овој основ подразбира доделување на
неповратни финансиски средства (грант) од Буџетот на Република Македонија.
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ
Избор на корисници се врши со проверка на исполнување на условите за користење
на средства за инвестиции предвидени со мерката 115. Барателите кои ги исполниле
условите за стекнување со право на користење на финансиска поддршка се рангираат
со бодување согласно подолу прикажаната табела. Агенцијата ќе изврши исплата во
рамките на расположливите средства утврдени со Програмата за финансиска
поддршка на руралниот развој за 2019 година. Најголен број на бодови што може да
добие корисникот за поддршка на активен женски член во земјоделското
домаќинство е 100 бода.
За да биде прифатливо барањето, барателот треба да добие најмалку 50 бода.
Цели на мерката (критериуми) Бодови:
- Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е
носител на земјоделско стопанство пред влегување во сила на овој
правилник 25
Барателот да е регистриран со земјоделство како примарна дејност и е
носител на земјоделско стопанство по влегување во сила на овој правилник 15
2. Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно
Законот за вршење на земјоделска дејност 25
Барателот да е регистриран како индивидуален земјоделец согласно
Законот за пензиското и инвалидското осигурување 25
Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска
дејност до износот на годишниот нето износ на минимална плата за
претходна година 5
Барателот да има остварен годишен нето приход од вршење на земјоделска
дејност до износот на годишниот износ на минимална основица за
пресметка и плаќање на придонеси од социјалното осигурување 5
3. Барателот да е евидентиран во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства како физичко лице со примарна земјоделска дејност 20
4. Барателот да покаже сопствено учество во инвестицијата 5
5. Барателот да е член на здружение или земјоделска задруга или на локална
акциона група 5
6. Барателот да е помлад од 40 години 5
7. Активностите од деловниот план да се одвиваат во подрачја со ограничени
можности 5
8. Барателот да е самохран родител 10
Вкупно 100
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
1.Барање за финансиска поддршка генерирано преку системот за
електронско поднесување на барање на e-baranie.ipardpa.gov.mk за
мерка 115
(барањето треба да се испечати и да биде своерачно потпишано
од страна на поднесувачот на барањето)
2. Понуди/профактури со детална техничка спецификација за
производите за кои се бара финансиска поддршка (оригинал со
потпис и печат)
(Понудите од странство треба да бидат преведени на Македонски
јазик заверени од овластен судски преведувач)
3. Деловен план – изготвен согласно Упатсвото за изготвување на
деловен план
4. Решение за упис во Единствениот регистар на земјоделски
стопанства
5. Годишна даночна пријава (УЈП)
6. Потврда од Министерство за труд и социјална политика за социјален
статус – самохран родител
7. Потврда од Фондот за инвалидско и пензиско осигурување за лица
регистрирани како индивидуален земјоделец согласно Законот за
пензиското и инвалидското осигурување
Современо Земјоделство
М-р Билјана Петровиќ