Лебот во Норвешка се продава за 3 евра

Вести

Актуелното истражување на Еуростат кое се занимава со компарација на цената на храната, пијалоците и тутунот, вклучуваше 28 земји членки на ЕУ, како и останатите земји, па се покажа дека лебот е најевтин во Романија и Полска.

Грците во рамките на својата Национална федерација на пекари дојдоа до податокот дека во Еврозоната лебот е најевтин во Естонија (0,83 евра по килограм), па потоа во Грција (0,87 евра по килограм).

Земен е примерок врз основа на 603 потрошувачи, кои купувале во период меѓу 21 и 24 октомври 2019 година. Две третини од пекарите се наоѓаат околу главниот град – Атина.

Од друга страна, актуелното истражување на Еуростат кое се занимава со компарација на цената на храната, пијалоците и тутунот, вклучуваше 28 земји членки на ЕУ, како и останатите земји, па се покажа дека лебот е најевтин во Романија и Полска. Истражувањето е направено пред излегувањето на Велика Британија од ЕУ, и моментално има 27 членки.

Лебот дефинитивно е најскап во Норвешка (3 евра), Луксембург (2,20), Данска (2 евра), на Исланд (2 евра), во Австрија (1,7 евра).

Некаде во средината на листата се Шпанија, Словенија, Хрватска, Германија како и Грција. Познато е дека на нашите туристи во Грција цената на лебот често им е преголема, па наместо од пекара, купуваат тост – леб од маркет.

Надвор од Еврозоната, генерално најскапа е Швајцарија, и тоа не само кога станува збор за лебот, туку и за останатите продукти како што се месото и рибата.

Кипар има највисоки цени за млекото, сирењето и јајцата, а во Австрија за месо и риба, кога станува збор за членки на ЕУ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *