Летно сеење и садење во вашата градина

Вести

Поради непогодното време, вашата презафатеност или тоа што можеби прекасно сте одлучиле да формирате ваша градина сте задоцниле со сеењето и садењето на пролетните култури. Но не грижете се, не сте ја пропуштиле приликата ова година да уживате во плодови кои би ги одгледувале во вашата градина. Посветете се и на значајни билки кои кога ќе залади ќе ги преместите во своите станови и кујни за да го разубавите вашиот простор со зеленило, но и да ги збогатите вашите тањири со природен интензивен мирис.

Јуни

Сеење на отворено: рана зелка, келераба, доцен морков, цвекло, цикорија, зимски праз, висок грав (во првата половина) и низок грав.

Пресадувње на садници: доцен карфиол, средна рана зелка, доцен кељ, доцна келераба  и прокељ.

Јули

Сеење на отворено: репка, кинеска зелка, цвекло, корен, крес, зимен праз

Пресадување на садници: касна келераба, цикорија

Август

Сеење на отворено: кинеска зелка, ротквица, зимска салата, марула, крес, спанаќ, блитва и зимски праз

Пресадување на садници: цикорија и шеќерна цикорија

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *