Земјоделското производство е „фабрика на отворено“, но кога добро се менаџира и временските услови можат да се прилагодат на производството.
Последната мерка во намалување на штетите од град преку авионско засејување на облаците се покажа како исклучително важна и пресудна за сигурен и квалитен род од земјоделските култури. Во комбинација со субвенционирањето на осигурителните полиси со 60% од вредноста на полисата, можеме да кажеме дека изборната програма на СДСМ се покажа реална и вистинска за земјоделците.
Продолжуваме и натаму да се грижиме за вас земјоделци, да ве следиме во работата на терен и да реагираме со добри мерки кои ќе ви донесат сигурност во производството и поголем профит.
Фејсбук статус на Љупчо Николовски – Генерален секретар на СДСМ