Лозарство – Календар за месец март

Вести Лозарство Совети

Во март се засадуваат нови лозја. За таа цел се избира здрав посадочен материјал и
растојанија кои овозможуваат нормален развој на лозата и спроведување потребните
агротехнички мерки.

 

Продолжува резидбата. Болните, исушените и заразени од бактериски рак лози се искоренуваат и согоруваат, а местото треба да се дезинфицира со 2% формалин по 25 л/м2.

Почнува пресадувањето на нови лози на празните места. Се започнува со првите третирања против болести и штетници со соодветни пестициди.

При поволни услови може да се врши кроење на лозите, како и изнесување на
лозови прачки. По потреба се врши санација на конструкцијата. Се внесува потребното
количество ѓубрива и се врши обработка на почвата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *