Лозарство – земјоделски календар за месец мај

Вести Лозарство Совети

Во лозјето во месец мај исто така има одредени практики кои се вршат и кои имаат директно влијание врз квалитетот и квантитетот на бербата.

Лозјата се чистат од плевели преку плитка обработка на почвата. Кај лозјата засадени на ридест терен се прават прекинати ровови / бразди за заштита од ерозија и собирање на одводните води.

Во почетокот на месецот се ѓубри со азотни ѓубрива со приближна норма од 8-10кг/ха активна супстанца. Во ново засадените лозја се разровкува кората на горниот
слој од почвата, со цел да се подобри водено – воздушниот режим, внимавајки да не
се одронат развиените папки и леторасти.

Во мај месец многу важен момент е и
филизењето на лозите. Кај младите лозја се врши на висина на леорастите од 15-
20см и е многу потребно за нивно формирање. При филизењето се одстрануваат сите
неплодни леторасти по стариот дел на лозата, со исклучок на оние кои служат за нови
лозови единици.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *