Лозови грини – Erinoza

Вести Совети

Овие штетници активноста на виновата лоза ја започнуваат во првата половина на април, на температура од 15,5 °C.

Оштетувањето го вршат со цицање на соковите на пупките и на листот.. Прво се хранат со цицање во внатрешноста на пупките, а кога ќе се појавуваат младите листови, тие се преместуваат на листот. На врвот на нападнитите листови, се забележуваат испакнатини, кои на почетокот се со црвена боја, а подоцна добиваат темно зелена боја, а со текот на времето таквите лисја опаѓаат. Предните делови од листот се со испакнатини и се прекриени со волнена превлака. Заразените пупки можат да се исушат или да развијат деформирани изданоци. Цицањето на грините на жилите на листот, може да предизвика превртување (со двете страни надолу). На местото на цицањето на листот, ткивото некротизира и изумира.

Опис на штетниците

  • imago (последна фаза на развој) – должината на женското тело е 168 μm, а на мажите 135 μm, цилиндрична форма, бледо жолта боја и на предниот дел на телото има два пара на нозе.
  • на телото и заднината имаат карактеристични нити.

Биологија на штетниците 

  • возрасните форми презимуваат под пупките и под кората
  • активноста ја започнуваат во првата половина на април, на температура од 15,5 ° C
  • развојот на јајцата до возрасни грини трае од 10-14 дена
  • годишно можат да се развијат до 7 генерации

Мониторинг/Пратење на популацијата на штетниците

  • визуелен преглед на пупките во текот на вегетацијата
  • визуелен преглед на изгледот на листот за време на вегетацијата

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *