Лубеница, шипинка и кафе за помлад изглед

Вести Совети

Исхраната многу влијае на здравјето на луѓето, но освен од внатре, таа се одразува и на надворешниот изглед.

Стравувањата од големи здравствени проблеми можат да се решат без многу мака со добар избор на производи.

Исхраната директно влијае на Вашиот секојдневен изглед и игра клучна улога во тоа како ќе стареете, изјави докторот Џошуа Цајхнер, додавајќи дека паметниот пристап вклучува хранливи материи, минерали и заситени киселини, како и антиоксиданси кои го штитат Вашето тело од стресот околу нас.

Лубеницата е богата со ликопен, „антиоксидант” кој на лубеницита и доматот им дава црвена боја и и помага на кожата во одбивање на УВ оштетувањето, смета нутриционистот Кери Гласмен.

Семките од шипинката се извор на антиоксиданти како што е витаминот Ц, кој спречува појава на брчки и сува кожа. Освен тоа шипинката соддржи и антоцијан кој го зголемува производството на колаген и киселини кои ги намалуваат воспалителните процеси предизвикани од  УВ оштетувањето.

Кафето има биоактивни состојки кои ја штитат кожата од меланом.

Боровницата ја храни кожата со витамините Ц и Е, кои се два антиоксиданти што ја разубавуваат кожата и се борат против оштетување предизвикани од слободните радикали.

Ноктите се состојат од белковини, па поради недостаток би можело да имате проблем со кршење. Јајцата се добар извор на витамин Б комплекс кој ги метаболира аминокиселините кои влегуваат во составот на белковини.

Оревите содржат Омега-3 масни киселини и витамин Е кои вашата природна боја на коса ја прават побогата и пожива.

Дињата содржи бета каротен или витамин А, за кои се верува дека го регулираат растот на косата, се спречува затворањето на порите и не се создава првут.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *