Македонија земја-партнер на „АГРА“ 2018

Вести

Македонија годинава ќе биде земја партнер на Меѓународниот саем за земјоделство и храна „АГРА“, што традиционално се одржува во Горна Радгона, Република Словенија, од 25 до 30 август.

По овој повод, министерот Љупчо Николовски денеска ќе соопшти детали, а на прес-конференцијата е најавено присуство на словенечкиот амбасадор Милан Јазбец, проектниот менаџер на Помурски Саем Борис Николас Ерјавец и извршната директорка на Помурски Сајем Матеја Јаклиќ.

Поканата за партнерство на Николовски минатата година му ја врачи заменик-претседателот на Владата на Република Словенија и министер за земјоделство, шумарство и храна Дејан Жидан.

„АГРА“ е еден од најголемите интернационални саеми во Централна и Источна Европа, на кој присуствуваат сите ресорни министри од регионот. Минатата година кога на манифестацијата се претставија преку 1.700 изложувачи од 30 држави во светот, земја-партнер беше Кина. Македонија имаше на располагање промотивен простор од девет метри квадратни на кој Министерството за земјоделство се претстави со органско производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *