Македонски компании на World Food 2018 во Москва

Вести

Дванаесет македонски компании, производители и преработувачи на свежо овошје и зеленчук до 20ти овој месец ќе ги изложуваат своите производи пред посетителите на најголемиот прехранбен саем во Југоисточна Европа „Мир питание 2018“ (WORLD FOOD 2018), кој се одржува во Москва.

Учеството е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора,  а финансиски го поддржува Министерство за земјоделство на Македонија.

Македонија на овој саем се претставува со национален штанд на 90 метри квадратни. Бизнис-делегацијата составена од 25 лица ја предводи Бешлиев.  „Агролозар“ од Струмица, „Випро“ и „Виториа“ од Гевгелија, „Суна стар“ и „Румко“ од Ресен, „Ларс“ од Штип, „Кривогаштани промет“ од Прилеп, „Бага Фуд“ од Битола, „Јуникс“, „Химаглион“, „Конимекс“ и „Виталиа“ сите од Скопје. Свој посебен штанд на московскиот саем има компанијата „Витаминка“ од Прилеп.

– Од денеска на оваа саемска манифестација трае рамковното договарање на пласманите за следната година и се надеваме дека нашите производители и преработувачи заедно со руските увозници ќе успеат да најдат баланс меѓу квалитетот и цената и дека ќе следи зголемен пласман на земјоделски производи на овој пазар, информира Бешлиев.

Покрај најголемите извозници на храна во Руската федерација, на оваа саемска манифестација традицонално се присутни и експерти од областа на агрокомплексот, а деновиве ќе се одржуваат и трибини, промоции и презентации, што го прави овој саем најголема берза за храна во овој дел на светот.

„WORLD FOOD 2017“ привлекува огромна публика, трговци на големо и мало, дистрибутери и ресторани.

Во московскиот „Експоцентар“ каде што се одржува саемот, изложуваат 1.600 компании од 62 држави. Во просек изложбата на храна ја посетуваат преку 30.000 посетители од 79 региони во Русија и 90 други држави. Дури 25.000 посетители или 84 отсто од посетителите влијаат на одлучувањето за купување производи презентирани на саемските штандови.

Македонската бизнис – делегација во Москва ќе има посета и на „Македонски дом“, во деловниот центар „Фуд сити“, каде ќе има разговори со менаџментот на компанијата формирана за поттикнување на македонскиот извоз на рускиот пазар.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *