“Реализацијата на проектите во рамки на ИПА Програмата, кои ги спроведуваат компании од Шпанија, унапредување на трговската размена и промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи на шпанскиот пазар”, се само дел од темите за кои што на денешната средба разговараа министерот Љупчо Николовски и амбасадорот на Кралството Шпанија во Македонија, Емилио Лоренцо Сера.
Министерот Николовски, го информираше амбасадорот, за текот на проектот за мали системи за наводнување, како и за проектот за реформи во тутунопроизводството, кои се спроведуваат од страна на шпански фирми.
Амбасадорот, потенцираше дека Македонија произведува квалитетни вина и дека и покрај големата конкуренција на пазарот во Шпанија, ќе помогне во промоцијата на македонските вина на шпанскиот пазар.