Македонските јагниња за 8 Март ќе патуваат за Италија

Вести Сточарство

Корона вирусот не го запре извозот на македонското јагне во Италија и Хрватска. И покрај мерките за заштита кои се спроведуваат во Италија меѓу кој и карантин и забрана за влез и излез во некои делови, сепак извозот на македонското јагне засега се одвива непречено. Единствен услов кој мора да се исполни доколку извозот се врши со нивен превоз е 14-дневен карантин на италијанските превозници кои доаѓаат од Северна Италија каде што вирусот е најраширен.

-Засега нема рестрикции во извозот на македонското јагне на италијанскиот пазар. Единствена пречка е доколку се врши превоз со нивни камиони во тој случај шоферите мораат да бидат 14 дена во карантин. Ова се однесува на возачите кои доаѓаат од заразените подрачја, односно на оние од Северна Италија, вели Никола Георгиев, претседател на Сојузот на одгледувачи на овци, и додава дека освен за Италија има и извозот на јагниња во Хрватска.

И Моме Младеновски, секретар на Сојузот, кој сега се преименува во „Модерен овчар“, вели дека засега нема проблеми при извозот на македонското јагне во Италија, Хрватска, Грција…

-Ако има пандемија извозот на јагниња може да се стопира, меѓутоа засега не се очекува такво нешто. За среќа, во Италија состојбата се стабилизира, а побарувачката за македонското јагне на овој пазар е голема. Во регионот нема никаде забрана за извоз на македонско јагне, вели Младеновски и додава дека кога ќе се стабилизира состојбата за една до две години македонското јагне ќе почне да се извезува и во Кина.

Годинава откупната цена на јагнињата е повисока од лани.

 

вечер.прес.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *