Македонско свинско месо на светските пазари од 2021 година

Вести

Почитувани пријатели,
Близу сме до реализација на целта ,,МАКЕДОНСКО СВИНСКО МЕСО НА СВЕТСКИТЕ ПАЗАРИ ОД 2021 ГОДИНА”!
Зада го постигнеме тоа Агенцијата за храна и ветеринарство :

– го подобри системот на идентификација и регистрација на свињите;
– започна со категоризација на фармите според воведените биосигурносни мерки ;
– воведе статус на фарма слободна од Трихинелоза;
– донесе акционен план за прекинување на вакцинацијата против класичната чума кај свињите ( КЧС) и на 1 Октомври 2019 г. престанавме со вакцинирањето против КЧС;
– достави акционен план до Европската комисија за контрола на КЧС;
– во Август 2020 г. го доставуваме до ОИЕ (светската организација за здравствена заштита на животните) барањето за стекнување и официјален статус на светско ниво ,, Земја слободна од КЧС без вакцинација”;

Затоа денес ја посетив свињарската фарма ,, ВИНИ ФАРМА” с. Пеклани, Виница. Фарма која вработува 45 лица или егзистенција обезбедуват толку семејства.
На државно ниво во 2017 година за добивање субвенции за заклан товеник во кланица беа пријавени 171 073 товеници, а во 2019 год пријавени се 202 954 товеници.
Видлив раст од 32 000 заклани товеници во кланица.

Зоран Атанасов директор на АХВ

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *