Мал број земјоделци ги легализирале фармите

Вести

Мал број земјоделци во Општина Битола ги легализирале фармите. Со аплицирањето согласно Законот за легализација на објекти, оранжерии и објекти за примарно производство на земјоделски производи кое заврши во 2014 година, во општина Битола има поднесено само 120 апликации. Од нив решени се скоро половина, додека останатите или немаат доставено документи, немаат соодветен елаборат или се уште немаат судска пресуда за наследство, велат од имотно-правното одделение во општина Битола.

– Одделението со поддршка од градоначалничката предложи до владата овој рок за легализација да се продолжи, бидејќи многу од нив 2013 и 2014 година не беа известени, не знаеја дека има таков закон. Сега сме во завршна фаза на објектите и на земјоделското земјиште ако ни прифати владата, би требало да се прдолжи рокот и земјоделците да ја упишат својата сопственост, вели Горан Бурески, имотно-правно одделение при Општина Битола.

Може да има и несакани последици.

– Според закон за градење треба да се урне, тоа е дивоградба и по други основи може да се урне, ако не аплицирале, а ние имаме 120 апликации, многу малку се аплицирало за да се задоволи законот, односно да ги претворат во сопственост обкјектите кои ги имаат на земјоделските земјишта, а тие се многу повеќе, вели Бурески.

Нерегулираниот статус често беше проблем за земјоделците кои сакаа да аплицираат за ИПАРД и програмите за рурален развој.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *