Манифестацијата „Најуспешни во областа на земјоделството“ ќе постане бренд и традиција во Пелагонискиот регион и државата

Вести

Првата и единствена од ваков вид манифестација за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ се одржа на 20-ти септември во ресторан Вавилон, во Битола.  На манифестацијата учествуваа повеќе од 500 гости, од кои половината беа земјоделци -фармери, а половината беа компании – стопанственици од областа на земјоделството.

Пред официјалниот дел, организиран беше саем со земјоделски производи, механизација и трактори, дегустација на традиционална пелагониска храна, млечни производи, месни производи, органски препарати, мед, јајца од потполошка…

Учество зедоја следните компании и земјоделци:

Везе Шари, Lecker, Ве-Милк, Пелистерка, Скопска Пивара, Оргалајф, Био Аграр, Менде Трајковски – пчелар, Хемометал, Агро Војводина, Суке Прилеп, Здравје Радово, Јапонска потполошка Натурана Трејд и многу други.

На официјалниот дел од манифестацијата седоделија повеќе плакети и благодарници, на политичари, земјоделци и компании за успешната работа во изминатата година.

Со поздравен говор, настанот го прогласи за отворен Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Признанија добија следните општини:

  1. Градоначалник Томе Христоски, Општина Крушево

ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ВО ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ СЕКТОР СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НОВИ РАБОТНИ МЕСТА

  1. Градоначалник Илија Јованоски, Општина Прилеп

Прва Општина со финансиски надомест на штети настанати на земјоделски производи

 

  1. Градоначалник Рубинчо Шефтероски, Општина Кривогаштани

Општина со најголемо производство на пипер

  1. Градоначалник Џемил Ќамили, Општина Долнени

Најземјоделска општина во регионот

 

  1. Градоначалник Живко Гошаревски, Општина Ресен

ПОСЕБЕН ПРИДОНЕС ЗА РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА ОВОШТАРСТВОТО

  1. Градоначалник Јасмина Гулевска, Општина Могила

ЗНАЧАЕН  ПРИДОНЕС ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ЗА СВОЈАТА ОПШТИНА

 

7. Љубе Кузмановски, Општина Новаци

Посебен придонес во подобрување на условите за работа на земјоделците

Следат признанија на земјоделци и стопанственици:

 

  1. Маргарита Талевска – најуспешна жена земјоделец во општина Новаци
  2. Дарко Шамбевски – Млад и успешен земјоделец

  1. Ангела Ѓероска Ѓуровска – посебен придонес за развој на органското производство во Р.Македонија

 

  1. Brand Fyto – Kostas Braniotis – воведување на европски технологии во овоштарството во Р.Македонија

12. Менде Трајковски – посебен придонес во развојот на органското пчеларство

 

  1. „СН“ Осигурителен Брокер АД Битола – Најдобар осигурителен партнер на земјоделците и сточарите
  1. ЗК Пелагонија АД Битола – Водечка компанија во агробизнисот во Р. Македонија

Во овој дел свое обраќање имаше посебниот советник од Бугарија, Павел Стоименов, за најголемот развој и успех досега, во поледелеството на оваа компанија, како и советникот од Србија – Урош Новаковиќ кој започнува да работи на создавање на најдобри овошни насади со јаболка по сите европски и светски методи во склоп на ЗК Пелагонија.

 

  1. Везе Шари ДОО – Лидер во живинарството и производството на конзумни јајца во Р. Македонија

 

  1. Lecker – Значаен придонес во месната индустрија во Р.Македонија

  1. Вендим Усеиновски, село Кишава – посебен придонес за сточарството за битолскиот регион

 

  1. Јонче Клашов Дооел Клаше – најголем производител на жито во пелагонискиот регион

  1. СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола – Современа едукација со примена на практична настава

  1. Митат Исмаиловски- најголемо семејно земјоделско производство

  1. Факултет за Биотехнички науки Битола – Посебен придонес во развојот на агропрехранбениот сектор

  1. Снежaна Најдовска – најуспешна жена земјоделец

  1. ЈП Стрежево Битола – Успешна соработка со земјоделските корисници на вода

 

  1. Агровојводина Механизација НС – Општ придонес во областа на земјоделството

 

  1. Златко Горѓиевски – Најголем производител на јунешко месо во Р. Македонија

  1. Сокотаб Дооел Битола – Лидер во тутунската индустрија во Р. Македонија

 

  1. Млекара Ве-милк – Брзорастечка компанија во млекопреработувачката индустрија

  1. Проф Др Никола Козаровски – посебен придонес за развој на пчеларството во Р.Македонија и признание за животно дело

29. Мартина Козаревска – најмлад пчелар во пелагонискиот регион

 

  1. Месна индустрија Суке Прилеп – Значаен придонес во областа на земјоделството и сточарството
  2. Даниел Ристевски – млад и успешен земјоделец од мариовскиот крај

32. Николче Бабовски-директор на АФПЗРР -Посебен придонес за спроведување на мерките на државна помош во земјоделството

33. Ленче Николовска – посебен советник за земјоделство на претседателот на владата, – Значаен придонес во земјоделството во Р. Македонија

34. Љупчо Николовски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, – Најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Признание доби и градоначалничката на Општина Битола, како Општина – домаќин на манифестацијата

35. Општина Битола – Наташа Петровска – посебен придонес во земјоделскиот сектор

Признанија добија и:

  1. Ладилник „Голем Извор“- Битола – Значаен придонес во земјоделскиот сектор во Пелагонискиот регион
  2. Бим Фоод ДОО – Компанија со најсовремена технологија за замзрнување, преработка, пакување и складирање на овошје и зеленчук
  3. ЈП Комуналец Битола – Успешна соработка со земјоделскиот сектор во општина Битола
  4. Здравје Радово – Значаен придонес во млечната и млекопреработувачката индустрија
  5. Славчо Петковски, село Поешево – Најдобар производител на пченка со приноси од 20 тони на хектар
  6. Марина Капка Савевска – Жена земјоделец со најголема обработлива земјоделска површина
  7. Стеван Стојановски – Земјоделец со значаен придонес во Општина Могила
  8. ЈП Пазари – Успешна соработка со земјоделските призводители
  9. Жито Брест – значен придонес во прехранбениот сектор
  10. Аце Поповски – Придонес во развојот на современето земјоделство

На настанот зедоја учество голем број на земјоделци – членови на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ а присутни беа и претставници од големи компании како„Алијанса Кавадарци, АгроИнвест, Бис Промет, Агрон Матриксфрут, Секе Крушево, Агро Хемија, Five letters Крушево, Пелистерка, Хемометал, Пеце Мацанковски, Фарма Чауш, Ксенос и многу многу други.

Настанот беше промовиран на повеќе од 20 медиуми како Бриф.мк, Денешен.мк, Вечер, Мкд.мк, МТМ Телевизија, Макфакс, 1тв.мк, Тиме.мк, иПортал, ТВ21, Точка, Пресс24, Локално.мк, Канал5, Бизнисвести.мк, А1 он, Фактор и многу други.

На овој начин преку оваа манифестација, која ќе постане традиција за овој регион, сакаме да му дадеме поголема важност на професијата „Земјоделец“, да ги поттикнеме компаниите, стопанствениците и политичарите на уште поголема посветеност на оваа многу битна гранка во општеството, и пред се да ги поддржиме младите земјоделци и жената-земјоделец.

За време на манифестацијата беа прикажани мини филмови и слајдови со сите успешни земјоделски политики во оваа област во изминатата година. Низ бројки и примери се направи споредба какво е земјоделството во земјите во ЕУ, како е кај нас…

По официјалниот дел, сите присутни ги забавуваше музичката група Адути и атрактивната пејачка и звезда која настапуваше на Звездите на Гранд, Десанка Деси Маркоски.

 

По успешно реализираната манифестација, здружението за земјоделци „СовременоЗемјоделство“ како единствено сериозно здружение со седиште во Пелагонискиот регион, со силен поттик и мотивација продолжува да биде меѓу земјоделците иуште посилно ќе се стреми кон развивање, потикнување, пропагирање, популаризирање, унапредување, организирање и реализирање на најразновидни облици, форми, содржини и методи на работата во земјоделството и земјоделската индустрија.

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *