Од 70 на 100 денари или за 30 отсто е поскапено маслото за јадење за само неколку недели, пренесе Канал 5.
Производителите на маслото за јадење велат дека растот на цената бил неизбежен, бидејќи цените на светските берзи во последниве 6 месеци дупло се зголемиле. Сепак велат трендовите сега се подобри и може да се очекува во следниот период цените да паѓаат.
Сепак, велат трендовите сега се подобри и може да се очекува во следниот период цените да паѓаат.
-Ние едноставно ја пратиме таа цена, успеваме да купиме количини, нашата фабрика има редовно количини, но едноставно ја пратиме берзанската цена и мораме да ја подигнеме цената на готовиот производ на литар масло. Најверојатно се должи на недостигот на сирово масло, односно сончоглед, сончогледово масло воопшто. Поради сушата во континуитет 3 -4 години изминатите и поради намалувањето на продажба на поминато масло – изјави Сашо Наумоски, производител, пренесува Канал 5.
Последните податоци на статистика покажуваат дека за една година храната поскапела за 2%. Најмногу се забележува кај маслото кое поскапело за цели 14%, потоа лебот, овошјето, зеленчукот. ССМ пресмета дека на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 33 илјади денари од кои само 15 илјади за храна и пијалоци.