Мекдоналдс хамбургери со свежо говедско месо

Вести

Мекдоналдс најави дека, почнувајќи од мај во продажните места во САД сите хамбургери со најчесто користениот вид на плескавица ќе бидат направени од свежо говедско месо.

Ова претставува сериозна промена во пристапот на Мекдоналдс, кој има безмалку 15.000 ресторани во САД, од кои околу 3.000 веќе продаваат хамбургери со свежо месо. Конкурентските синџири на ресторани за брза храна, пред се Вендис, постојано го критикуват Мекдоналдс поради тоа што го смрзнува месото за своите хамбургери.

Од светскиот гигант велат дека промената во нивниот пристап е со цел да се постигне подобар вкус и да се зголеми продажбата на помалите хамбургери. Крис Кемчински, директор на Мекдоналдс за САД, изјави дека компанијата ги претставила новите хамбургери во ресторани во Далас и Тулса, и дека првичните реакции биле позитивни.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *