Мечка нападнала човек во горнореканското село Бродец

Вести

Мечка нападнала и повредила човек на возраст од 55 години во гостиварското село Бродец, пишува локалниот портал Гостивар Прес.

Немилиот настан се случил вчера околу 13 часот и 30 минути и е пријавен во полиција. Според извори на порталот, мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а се спасил благодарение на овчарски кучиња што биле во близина.

На нападнатиот му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар Прес.

Селото Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *