Меѓународна работилница за подигнување на јавната свест за заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро

Вести

Од средбата на 3 април, помеѓу министерот за земјоделство и рурален развој на Република Албанија, Нико Пелеши, градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, произлезе идеја за организација на едукативна работилница во Охрид.

Станува збор за меѓународна работилница за подигнување на јавната свест за заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро со тема: „Можни идни закани врз рибите и заеднички идни Албанско – Македонски акции и напори“.

Работилницата ќе се одржи во среда 11 април во Охрид.

 

М-р Билјана Петровиќ За Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *