Меѓународната организација за вино OIV дава голема поддршка за зголемување на препознатливоста на македонското вино на странските пазари. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е дел од македонската делегација.
-Членството во OIV и правото на глас како држава, се важни за зајакнување на нашиот рејтинг како винска земја на светскиот пазар.
Како министер заедно со делегатите од останатите држави, учествував во изборот на новиот претседател на организацијата на денешното вонредно генерално Собрание на OIV. За нов претседател ја избравме г-ѓа Regina Vanderlinde, од Бразил, која што ќе има мандат во следните три години, истакна министерот Николовски.
Тој додаде дека членството овозможува следење на светските трендови во винарството од аспект на модернизирање на производството, следење на потребите на пазарот, како и зголемување на извозот на македонското вино.