Месната индустрија “НИКСИ” е доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти

Вести

Уште еден современ објект од месната индустрија, вчера беше дел од агендата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој оствари работна посета во објектот на НИКСИ од Куманово. Овој модерен објект се одликува со градба и опрема за производство кои се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите.

„НИКСИ“ е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти. Оваа компанија остварува производство со капацитет од 1500 кг. на дневно ниво и при тоа за своите месни преработки, користи свежо месо од домашни добавувачи, а само 10% од увоз.

„НИКСИ“ е уште еден пример како може со квалитетен проект да се добијат европски средства од ИПАРД 2 програмата, за набавка на опрема, средства кои оваа компанија ги искористи за набавка на современа машина за автоматско сечење на салами, со што производствениот процес е унапреден, олеснет и побезбеден.

Ваквите решителни бизнис чекори на една домашна компанија, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. „НИКСИ“ е вреден пример што заслужува да се следи и да послужи како мотив за охрабрување за други бизнис иницијативи, а МЗШВ ќе продолжи да креира мерки и политики за сеопфатен развој на секторот земјоделство.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *