Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка,и тоа 29 л/м2, потоа во Берово и во Штип 26 л/м2, Демир Капија 8 лм2, Струмица 6 л/м2 воден талог. Регистрирана е и локална појава на град, информира метеорологот Славчо Попоски.
Понатаму, во следните денови останува нестабилното време, особено во попладневните часови кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на невреме проследено со град.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33, 34 степени.
Стабилизација на временската состојба кај нас барем одсега гледано се очекува дури од петок.