Минимум 0,2 хектари за субвенции во овоштарството

Вести

Корисници на субвенциите во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари.

8

Највисоки се директните плаќања за јагоди одгледувани во контролирани услови кои изнесува 99.000 денари по хектар. По 33.000 денари следуваат за другите видови овошје, а за површини од 1 до 5 хектари поддршката е 39.600 денари за хектар.

Помала субвенција ќе добиваат одгледувачите на дуњи, мушмули, калинка, смоква, бадем и лешник од 25 до 30.000 денари во зависност од големината на површината.

Земјоделците за оревите и костените годинава ќе се добиваат субвенции од 15 до 18.000 денари за хектар.

За предаденото овошје во преработувачките капацитети директно или преку регистриран откупувач ќе се добиваат по 3 денари за килограм.

Овоштарите кои ја промениле сортата на овоштарникот во 2016 или 2017 година имаат право на 9.900 или 7.500 денари за хектар во зависност од културата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *