Министерот Димковски беше во посета на кичевскиот регион

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, викендов беше  во посета на Кичево и кичевскиот регион.

-Пазарџиите насмеани ги нудеа своите производи велејќи дека во Кичево има најубава зелка и кромид. Убав пазарен ден во Кичево, истакна Димковски.

Димковски имаше срдечен пречек на бачилото на ЗК Суво поле, во кичевското село Цер.

-Ме пречекаа сопственикот, овчарите и шарпланинците. Трлата полни со 800 овци и 200 јагниња. Амбарите полни со сточна храна. Во бокалите јогурт и планински чај.
Во прекрасната природа на 900 метри надморска висина, животот тече во спокој под синото небо на планината Лубен, рече Димковски.

Димковски исто така беше и во село Доленци, во плодното Кичевско поле.

-Жителите ми кажаа дека имаат најубав кромид, но има и зелка, брокула, карфиол…Влегов и во подрумот на Милан, млад земјоделец кој произведува компир, чува крави, во дворот има земјоделска механизација…и планира да го зголемува стопанството, бидејќи земјата е плодна а и сонцето овде вели поубаво греело, рече министерот Димковски.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *