Министерот Димковски ги повикува сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи

Вести

Југоисточниот дел на нашата држава, изобилува со самоникнати диви смокви, посебно на подрачјето на општините Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Од дивите смокви, во овој крај традиционално се произведува познатото слатко од диви смокви.

Сепак, слаткото од диви смокви се произведува само за домашна употреба. За да може овој вкусен традиционален производ да се пушти во слободна продажба на пазарите и да прерасне во бренд специфичен за овие простори, потребно е да се заштити со Ознака за гарантиран традиционален специјалитет.

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска од Дојран ги повика сите производители на земјоделски производи и традиционални специјалитети, да ги заштитат своите производи со „Ознака за потекло“, „Географска ознака“ и „Ознака за гарантиран традиционален специјалитет” и да аплицираат на отворениот јавен повик кој завршува на 2. август.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *