„Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски вчера беше во работна посета на една од најголемите компании од млечната индустија ,,Бучен Козјак“ која е препознатлив бренд во домашната млечна индустрија.
Од 2013 година „Бучен Козјак“ го пренесе целокупното свое работење (одделението за набавка и прием на млеко, производството и администрацијата) на нова локација, во современ индустриски објект изграден според стандардите за ваков вид дејност.
Со тоа компанијата доби можност да го зголеми капацитетот и да ја прошири продажбата на своите производи во уште неколку града во Македонија.
“Современо Земјоделство”