Министерот Димковски на средба со лозаропроизводителите

Вести Лозарство

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев, како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

Заеднички заклучок на сите присутни е дека винариите треба да имаат коректен однос кон своите партнери – земјоделците, да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството.

За да го одржиме лозарското производство потребно е откупната цена на грозјето да биде барем иста како ланската.

Во пресрет на почетокот на откуп на грозје, МЗШВ ќе организира состанок со винариите со цел да се изнајде заедничко решение за надминување на проблемите со кои се соочува целиот сектор на лозарско и винско производство, предизвикана од глобалната економска криза поради пандемијата со Ковид 19, а која влијаеше на светската и домашната економија.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *