Министерот Димковски на увид на земјоделските површини во Кочанско, кои настрадаа од невреме

Вести

Денеска, министерот за земјоделство, Трајан Димковски заедно со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, извршија увид во состојбата на земјоделските површини кои настрадаа како последица на невремето кое го зафати регионот на селата Горни Подлог, Долни Подлог и Грдовци во општина Кочани.


Околу 600 декари со градинарски култури, главно насади со пипер, речиси целосно се поплавени.

Локалната самоуправа веќе има формирано Комисија за проценка на штети и во тек е пријавувањето.

Во разговор со земјоделците министерот Димковски и градоначалникот упатија смирувачки пораки до земјоделците чии површини настрадале и дека сите ќе бидат обештетени.


Глобалните климатски промени веќе ги чуствуваме сите. Во следниит период, ќе продолжиме посветено да работиме сите заедно во насока на намалување на нивното влијание и штетите кои временските непогоди ги предизвикуваат врз животната средина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *