Министерот Трајан Димковски денеска присуствуваше на 13. работна средба на министрите за земјоделство во Југоисточна Европа, во организација на SWG која се одржува во Приштина, Република Косово.
На оваа средба генералниот секретар на SWG Бобан Илиќ изрази благодарност до министерот Димковски за досегашното претседавање со SWG.
Министерот Трајан Димковски официјално го предаде претседателството на министерката на Република Косово, Дијана Живиќ.
На работниот состанок се потенцираше напредокот во регионалната соработка помеѓу министерствата за земјоделство во регионот како и заедничката европска перспектива.
„Современо Земјоделство“