-За прв пат кофинансирањето на набавката на високо квалитетен генетски расплоден материјал е договорена со фармерите под нивни услови. Процентот на кофинансирање е од 50-75 %, и тоа е историски највисока поддршка, истакна Димковски.
Со измените на мерката 1.2.1 резултатите се веќе видливи. За 2019-та година, потпишани се 68 договори во вкупна вредност од 135 милиони денари финансиска поддршка за набавка на 1529 грла високо стелни педигрирани јуници.
-Политиките за развој на земјоделството кои МЗШВ успешно ги реализира ќе допринесат нашите сточари да ги зголемуваат матичните стада, со добиток со висок генетски потенцијал, а тоа ќе допринесе за зголемување на количината на сурово млеко, рече министерот Димковски.
Крајната цел е прогрес на сточарството, млечната индустрија и економијата на Република Северна Македонија во целост.
„Современо Земјоделство“



