Mинистерот Хоџа на средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, оствари средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион.

На средбата се дискутираше за актуелната состојба со откупот на ориз од овогодинешната реколта. Беа изнесени ставови за ниската откупна цена, како и за пропратните проблеми на оризопроизводителите.

Министерот Хоџа ги сослуша размислувањата на земјоделците, кои се континуитет од неколкуте средби што беа реализирани и во министерството но и на терен во кочанско.

Најавена е средба со откупувачите непосредно по новогодишните празници, после која ќе се одржи заеднички состанок на сите инволвирани во откупниот процес.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *