Министерот Хоџа одржа средба со одгледувачите на овци

Вести Сточарство

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и директорот на ЈП Пасишта Љуљзим Фејзулаху, одржаа работна средба со Сојузот на здруженијата на одгледувачи на овци на РСМ.


На состанокот се дискутираше за тековната состојба во подсекторот овчарство и проблемите предизвикани од глобалната пандемијата со Ковид – 19, којашто имаше директно влијание врз овој подсектор.

Министерот Хоџа ги информираше присутните одгледувачи на овци, дека МЗШВ заедно со Владата вложуваат сериозни напори со цел да се ублажат последиците од кризата во сите засегнати сектори.

Исто така, се разговараше и за тековните обврски во врска со исплатата на заостанатите субвенции како и за креирање на дополнителни мерки.

Согласно заклучоците од денешниот состанок, министерот Хоџа ќе ја информира Владата за барањата на одгледувачите на овци, со цел изнајдување на дополнителни средства наменети за поддршка на подсекторот овчарство.

МЗШВ и оваа Влада, продолжуваат да работат во интерс на земјоделството, со што уште еднаш се потврдува партнерскиот однос за зеднички успех.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *