Министерот Хоџа се обрати на денешната 32 сесија на Регионалната конференција на ФАО

Вести

Наша колективна одговорност за идните генерации е да обезбедиме одржливост на руралните предели, да промовираме раст, вработувања, социјална инклузија и заштита на природните ресурси.

Идната Заедничка Земјоделска Политика на ЕУ ја препознава важноста на вклучувањето на младите земјоделки и земјоделци во овој сектор и адаптирање на бизнис развојот во руралните средини. Преку новиот начин на работење, ние јасно го истакнуваме нашиот стратешки пристап и воведуваме соодветни национални мерки за поддршка- истакна министерот Хоџа на денешното обраќање на 32 сесија на Регионалната конференција на ФАО.

Конференцијата обединува над 31 министри и заменици министри, вкупно над 270 претставници од 51 членка во Европа и Централна Азија, како и претставници на меѓународни организации, граѓанскиот сектор и приватниот Сектор, со крајна цел да се утврдат приоритетите на ФАО во регионот, кои се обликувани во контекст на кризата КОВИД-19.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *