Министерот Хоџа: Го олеснивме движењето преку граничниот премин Стење за време на берба на јаболката во регионот

Вести

На седница на Владата беше донесена одлука со што од 25 септември до 1 ноември сите граѓани што ќе влезат на територијата на Северна Македонија преку граничниот премин Стење (Општина Ресен) да бидат ослободени од мерките анти-ковид, кои се во сила во моментов.

Со оваа одлука ќе го олесниме слободното движење за време на периодот на берба на јаболка во регионот Преспа.

Посакувам оваа сезона на берба на јаболка да биде бериќетна и успешна.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *