Министерот Хоџа ќе ги додели првите картички за „зелена нафта“ во Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска ќе ги додели првите картички за „зелена нафта“ на земјоделци од Тетово, Желино, Теарце и Јегуновце.

Доделувањето ќе биде во просториите на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Тетово.

Вчера, директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски ги додели првите „зелени“ картички за Штип од вкупно доставените 1.148, вредни 7,7 милиони денари.

Според најавите, деновиве картичките ќе бидат достапни и во Кривогаштани, Прилеп, Крушево, како и во Битола и Демир Хисар. Надлежните апелираат до сите земјоделци, кога ќе одат да ги подигнат картичките за „зелена нафта“, да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД.

-Корисниците на мерката „зелена нафта“ пред да почнат со искористување на средствата, откако ќе ја активираат картичката на најблиската бензинска, треба да направат и споредба на сумата која им е на картичката со сумата која ја имаат во решението, нагласува Агенцијата.

За „зелена нафта“, помош што се доделува веќе трета година, се обезбедени 200 милиони денари.

МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *