Отворено писмо до подрачните единици на #МЗШВ, и до Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.
Сега, како никогаш досега потребна е вашата максимална посветеност во реализација на интервентните пакет мерки за земјоделците. Потребно е навремено и точно да го информирате секој земјоделец, за можностите и начинот како да ги искористат мерките кои ги нудиме како финансиска поддршка. Вашата заложба сега е од посебно значење за земјоделците, но и за целата држава. Во ова време на глобална економска криза, како и во време на војна во Украина, наша обврска и задача е да изнајдеме начин и да ги ублажиме последиците.
Со пакетот Интервентни мерки, и Националниот план за производство на храна, ги олеснуваме производствените трошоци на земјоделците, ги зголемуваме приносите и го заштитуваме домашното производство.