Министерот Николовски договори соработка во областа на земјоделството со амбасадорот на Чешка

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан. На средбата договорија потпишување на Меморандум за соработка во областа на земјоделството, со кој ќе се обнови и унапреди соработката помеѓу двете земји.

– На средбата констатиравме дека потенцијалот за соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството е голем, но генерално не е искористен. Македонија како извозник на земјоделски производи, а Чешка како производител на трактори и други машини и опрема имаат основа за понатамошни разговори, што е добра основа за зголемување на трговската размена, истакна Николовски. 

Амбасадорот Мирослав Томан го покани министерот во Чешка за да се продлабочи нивната соработка.

-Со амбасадорот Томан договоривме моја посета на Чешка, заедно со македонска бизнис делегација, на која што ќе ги поврземе македонските и чешките бизнисмени од секторот земјоделство, рече Николовски.

Воедно, министерот Николовски за следната година доби покана од амбасадорот Томан и за присуство на најголемиот саем за животни и технологија што секоја година се одржува во Чешка.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *