Министерот Николовски имаше работен состанок со Советот на професори

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера имаше работен состанок со Советот на професори.

-На вчерашниот состанок на Советот на професори, разговаравме за актуелната состојба во земјоделството, за мерките што ги презема МЗШВ и за планираните политики за следниот период. Воедно, ги информирав професорите за статусот на реализација на проектите на кои работиме со поддршка од Светска банка, Европската унија и ФАО, истакна Николовски.

Заедно со професорите ќе се започне со подготовка на долгорочна стратегија за развој на земјоделството, бидејќи предлозите и советите од науката се важни за креирање на ефикасни земјоделски политики.

-Со цел поефикасно спроведување на идните политики, на состанокот формиравме работни групи кои ќе работат во областа на фитофармација, советодавен систем, почви, цена на земјоделски производи, сточарство, градинарство, наводнување и агроеколошки мерки, рече Николовски.

Овие работни групи ќе бидат составени од професори од областа на земјоделството и од вработени во МЗШВ.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *