Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ќе оствари средба со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.
Двајцата министри, како што соопшти МЗШВ, на средбата ќе разговараат за зајакнување на соработката и размена на меѓусебни искуства во развој и модернизација на земјоделството.