Министерот Николовски на средба со сточарите во Чашка и одгледувачите на свињи во Штип

Вести Сточарство

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски имаше средба во Општина Чашка со сточарите од тој регион.

На средбата разговараа за актелните состојби во секторот, нивните предлози и мерките од новите програми за финансиска поддршка и рурален развој.

-Обезбедуваме финансиска поддршка за набавка на фотоволтаични колектори и водопоила во бачилата. Работиме на измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи склучување повеќегодишни договори за користење на пасиштата, истакна Николовски.

По средбата во Општина Чашка, Министерот Николовски со својот тим се упати во Штип, каде оствари средба со одгледувачите на свињи.

 

“Современо Земјоделство”

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *