Министерот Николовски најави интензивирање на трговската размена со Египет

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со Амбасадорот на Арапската Република Египет во Бугарија Moayad Fathallah El Dalie.

-Амбасадорот на Арапската Република Египет во Бугарија Moayad Fathallah El Dalie на денешната средба ни честиташе за постигнатиот договор со Република Грција.Разговаравме за интензивирање на соработката во трговската размена помеѓу двете земји, особено за извоз на јаболка во Египет, рече Николовски.

За време на меѓународниот саем во Берлин „Зелена недела“ Министерот Љупчо Николовски, ќе се сретне и со египетскиот министер за земјоделство и мелиорација Абу Сетејт и ќе дискутираат повеќе детали на овие теми.

М-р Билјана Петровиќ

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *