Министерот Николовски оствари средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше средба со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

– Со Амбасадорот Ангелов, зборувавме за организација на Бизнис форум со фирми од земјоделско-прехранбениот сектор и за потенцијални инвестиции на бугарски фирми во Република Северна Македонија, за што постои голем интерес, истакна Николовски.

Во рамки на проектот за поддршка на мали и средни претпријатија што Бугарија го спроведува со поддршка на Јапонската меѓународна агенција за соработка JICA, беше понудена помош за поддршка на македонските мали и средни претпријатија во земјоделството.

-На денешниот работен состанок ја потврдивме одличната соработка меѓу стручните служби на министерствата од двете земји, во однос на поддршката во ЕУ интеграцискиот процес, финансиските инструменти, фитосанитарната и ветеринарна политика и во шумарството, рече Николовски.

Воедно, Министерот го информира амбасадорот Ангелов за проектот што се спореведува во МЗШВ за Заедничко уредување на пазарите финансиран од ИПА 2015.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *