Благосостојбата на животните е нешто е нешто на што особено посветуваме внимание. Во таа насока на иницијатива на најголемата светска организација за заштита на животните FOUR PAWS денеска остваривме средба со Јоана Данглер, директорка на одделот за диви животни, и Барбара Ван Џин, интернационален директор и експерт во “Wild animals rescue” се со цел преку нивното знаење, логистика, и искуство да ја унапредиме благосостојбата на животните во нашата држава.
#FourPaws имаат прифатилишта на повеќе локации низ светот, и овој период со нивна помош беа спасени илјадници животни од војната во Украина.
Со задоволство ги ислушав нивните предлози и идеи, и се надевам на одлична соработка во иднина преку заедничко делување со институциите за заштита на животните во нашата земја.
Фејзбук статус на Министерот Николовски