Министерот Николовски оствари средба со рускиот амбасадор Баздникин

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство имаше средба со новиот руски амбасадор Сергеј Баздникин.

На средбата се истакна дека Руската Федерација нуди нова технологија и механизација, како поддршка за македонското земјоделство.

-Со новиот амбасадор Сергеј Баздникин разговаравме за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, но и за останатите проекти, во делот на енергетиката, инфраструктурата, транспорт, истакна Николовски.

Министерот Николовски го информираше рускиот амбасадор дека го ревидираат составот на работните групи во Меѓувладината комисија и се утврдуваат приоритетите за идната соработка.

-Ги поддржуваме нашите фирми за промоција на најголемите саеми во Русија, како и Македонскиот изложбено-трговски дом во Москва, рече Николовски.

Министерот  додаде и дека се работи на зголемување на извозот на македонски земјоделски производи и вино преку исполнување на сите стандарди на Русија.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *