Министерот Николовски утре на средба со јаболкопроизводителите во Ресен

Вести Овоштарство

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Министерот Љупчо Николовски порача дека мора да се стави крај на политичките поделби меѓу производителите, и најави дека утре ќе има работна посета во Ресен.

-Утре во Ресен ќе имаме средба со јаболкопроизводителите, ќе ја видиме состојбата и таму по што заеднички ќе излеземе со конкретни мерки за двата региона, и за производителите на ориз и за производителите на јаболко. Имаме и интервентен фонд од 250 милиони денари кој прв пат годинава ни е на рапсолагање. Ќе разгледаме се што е можно да помогнеме. Би порачал само, дека не сакаме никаква партизација, ниту политизација, тука сме за поддршка на земјоделците, тоа е наша обврска, информира министерот.

Министерот очекува на утрешната средба во Ресен да присуствува и градоначалникот.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *