Министерот Николовски во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, минатиот петок во Велес ги додели договорите за закуп на државно земјиште од последните два јавни повици.

„Продолжуваме на терен, меѓу земјоделците. Во Велес лично им ги доделив договорите за закуп на државно земјиште од последните два јавни повици. Во овој регион се потпишаа 82 договори за површина од 177 хектари.

Политиката за ставање во функција на целокупното земјиште ја продолжуваме и во следниот период, преку транспарентно, отчетно објавување на огласи и давање под закуп на државно земјоделско земјиште.

Правичната и неселективна распределба на земјата кај вистинските земјоделци значи зголемени обработливи површини и зголемено производство на квалитетни, конкурентни и безбедни земјоделски производи. Работиме заеднички преку одлучни, ефикасни мерки, до конечни резултати“, рече Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *