Мушмула – заборавено овошје

Вести Полјоделство Совети

Во Македонија и на Балканот, можат да се најдат различни сорти на мушмула: домашна, кралска, холандска и бесемена.

Домашната мушмула има ситни до средно големи вкусни плодови. Плодовите содржат голем број на семки но малку месо. Оваа сорта е отпорна на мраз и суша.

Со појавување на Органска храна на Запад интересот за мушмулата повторно се зголемува во нашиот регион но не и кај нас.

Причина: Многу отпорно овошје кое воопшто не изискува хемиски препарати, затоа што е отпорна на болести и штетници.

Мушмулата може да се одгледува и до 1000 метри надморска височина, но најдобри резултати дава доколку се одгледува на 700 метри.

И годат сончеви и подрачја кои што се добро проветрени. Отпорна е на ниски температури, па без големи оштетувања може да ги поднесе температурите и до -30 степени Целзиусови.

Од друга страна континуирано високи температури можат да ја оштетат.

Мушмулата во принцип ги поднесува скоро сите видови на почва, освен тешки и почви кои што ја задржуваат влагата. Оптималната pH вредност на почвата е околу 7, значи неутрални видови на почва.

Идеалното време за садењето на мушмулата е есенскиот период. Садењето се препорачува на 4х4 или на 4х3 метри што бара околу 625 или 834 садници по еден хектар.

Раѓа обилно по втората година.

 

Автор: Дипл. Инж. Агроном Иван Стојанов за Современо Земјоделство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *