Friday, April 19, 2024

МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Битола, престануваат да важат препораките и мерките

Вести

Престануваат да важат препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање.

 

Согласно податоците од ДАМСКAВ на ден 21.02.2021, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 163 mg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола на мерното место Битола 2, со тоа престануваат да важат препораките и краткорочните мерки при надминат праг на алармирање.

Од страна на МЖСПП доставена е информација за прекин на важење на мерките до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до општина Битола .

Министерство за животна средина и просторно планирање

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *