МЗШВ домаќин на дванаесетиот годишен состанок на Министрите за земјоделство од ЈИЕ

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, оваа година се домаќини на Дванаесеттиот годишен работен состанок на Министрите за земјоделство од Југоисточна Европа, што ќе се одржи на  15-ти ноември, четврток во Струга, Република Македонија.

На конференцијата ќе учествуваат ресорните министри од Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Албанија, државни секретари од Србија, Хрватска, Унгарија, претстваници од министерствата од Германија, Чешка, како и претставници од Европската комисија, Организацијата за храна и земјоделство и ГИЗ.

Во рамки на настанот министрите за земјоделство од Југоисточна Европа (ЈИЕ) и шефовите на делегациите ќе разговараат за иднината во секторите за земјоделство и  рурален развој во регионот на ЈИЕ, процесот на регионална соработка и значењето на процесот на евроинтеграција за земјите од Западен Балкан.

Присутните на конференцијата ќе усвојат збир на цели за земјоделството и руралниот развој, кои треба да се постигнат во согласност со Европската Унија (ЕУ), во форма на Декларација која што ќе ја потпишат на конференцијата.  Декларацијата од Струга 2018 за “Регионална Соработка за Одржлив развој и Економски Просперитет во Југоисточна Европа” (ЈИЕ) претставува ново-управувана рамка во конципирањето на еден насочен пристап кон земјоделството и руралниот развој и ја насочува визијата за регионална соработка во однос на заедничкиот економски раст и просперитет во регионот.

Со Декларацијата се потврдуваат позитивните резултати од работата на SWG RRD на национално и регинално ниво, посветеноста на присутните кон агендата на ЕУ и напорите за усогласување на нашите политики кон моделот на Заедничката Земјоделска Политика (ЗЗП) и соодветните мерки, како и посветеноста на реформската рамка и прифаќање на националните структури за соодветна имплементација и управување со Инструментот за Претпристапна Помош (ИПА), посебно за ИПА за рурален развој (ИПАРД).

Оваа годишната средба на министрите повторно потврдува дека земјоделство и руралниот развој остануваат приоритет во агендата за интеграција во ЕУ на земјите од ЈИЕ, и дека тоа е суштинска политичка иницијатива за одржлив развој и економски просперитет на земјите од ЈИЕ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *