МЗШВ ги намалува директните средби со странки, комуникацијата ќе се одвива телефонски или по електронски пат

Вести

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе одлука да ги сведе на минимум директените средби со странки,  се со цел превенција и елиминирање на можноста од ширење на  вирусот КОВИД 19.

МЗШВ ги информира сите лица кои имаат потреба за контакт и информација од министерството тоа да го сторат на меил адреста на МЗШВ info@mzsv.gov.mk  и на контакт телефонот (02) 3134 477 од 08 : 30 до 16: 30 часот

 

Сите планирани поголеми настани и работни состаноци во МЗШВ се откажани/презакажани.

МЗШВ апелира до сите соработници и корисници на услугите кои ги дава министерството, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата,  со цел да се спречи ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *